Трет Акатист

Чудесните стихири на акатистното пеење се како венец од пофалби кон небесната Царица, што Црквата умилно и со молитвен восторг ѝ ги принесува на Богородица низ деновите на Великиот Пост:

Ризницо на чистотата, радувај се, заради Која од падот наш станавме: радувај се слаткомирисен крину, Владичице, кој на верните им мириса – Ти кадило благоухано и миро скапоцено.

Радувај се единствено, најсветло утро кое Христа како сонце го носиш: живеалиште на светлината, радувај се Ти која мракот го урна и мрачните бесови сосем ги одгна.

(Од благодарствениот канон кон Пресвета Богородица)

 

Радувај се столбу на девственоста; радувај се врато на спасението. Радувај се Началнице на духовната обнова; радувај се подателке на благоста божествена. Радувај се, ти ги прероди во грев зачнатите, радувај се со ум ги обдари во безумие паднатите. Радувај се Ти го сотре убиецот на словеста; радувај се Ти го роди Сеачот на чистотата.

(Извадок од Акатистот)