Чист вторник

Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло; научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица. Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и како бакам, – како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур, – како волна ќе станат бели. Ако Го барате и послушате, ќе ги јадете добрата земни;  ако, пак, не сакате и се противставувате, меч ќе ве истреби, тоа го рече устата Господова.

(Ис. 1, 16-20)

 

Господи, по дводневното спасоносно воздржување, Ти викаме: „Смири ги срцата на Твоите слуги и прими ги нашите со страв принесени молитви, давајќи ни благочестив тек на Постот, очистување и голема милост“. Трудејќи се да ја достигнеме целта на својот живот и подготвиме душата за вечност со Христа, низ тесниот и стрмен пат на духовното искачување во Постот, прилежно се трудиме да го стишиме огнот на разгорените страсти. А ништо не може да го згасне огнот и натопи засушената земја на душата од смирената свежина на покајните солзи. Пост, воздржание, молитва, солзи – ете го лекот за разболената душа и патот до смирението. А смирението е вистинскиот пријател што ќе нѐ приведе пред лицето Божјо.  

Таков беше и битолскиот маченик, Агатангел, кој се удостои  снежната облека на душата да ја закити со маченички венец, сведочејќи ја највозвишената љубов Христова, со тоа што ја положи душата за да ги спаси своите ближни од злото Агарјанско. Нека неговите свети молитви нѐ поткрепуваат во овој подвиг на тридневно воздржание.