На Крстот Твој се поклонуваме Владико Христе и светото Твое Воскресение го славиме, зашто нѐ спаси од пропаст, нас изгубените.
Крстот на љубовта Божја денес ни се предлага за поклонение, нам кои ја минуваме пустината на четириесетдневниот пост, како поткрепа во подвигот. Всушност, Крстот е најсигурната станица во овој привремен, лажен и суетен живот, место за одмор и починка од тиранијата на гревот, спокој од страстите и запирање на сатанското дејство. Со тоа Крстот станува наш влез во Рајот, нашиот клуч кон Царството. Крстот на постот и воздржанието е сигурниот пат кон воскресение и живот со и во Христа. Преку Крстот се раѓа нашата надеж и нашиот копнеж кон Христа се оживотворува. Преку Крстот – Воскресение.
И во овој неделен ден, трет во Светиот и Велик Пост, нашето братство и сестринствата под духовно раководство на нашиот Старец Епископ г. Партениј, извршија поклонение пред Крстот, кое се овенча со Света Божествена Василиева Литургија. Како мисловна и духовна храна, нашиот Старец Партениј ни принесе обилна трпеза со богати плодови од своето духовно созерцание и христољубив живот: