Нови монашења во епархијата

На 10.IX.2007 год., на празникот Отсекување на главата на св. Јован Крстител, монашките завети ги положи и се вброи во редот на Бигорското братство новиот монах Еразмо. Младиот искушеник Александар Трпески пред една година, на 20.IV.2006 го. во Страсната седмица на Велики Четврток беше примен во братството со метанија, а на Успение на Пресвета Богородица во 2006 год., доби и расо.

Александар е роден во Тетово на 20.II.1981 год., од благочестивите родители Благунче и Викторија. Средното образование за сообраќаен техничар го има завршено во родниот град и потоа заминува на отслужување на воената обврска. Во 2004 год., заминува во Република Грција и таму престојува на Света Гора, во манастирот Хиландар. Од 2004 год., редовно го посетува Бигорскиот манастир и активно учествува на богослуженијата. Веќе следната година, на празникот Успение на Пресвета Богородица, останува во манастирот како искушеник. Замонашувањето го изврши надлежниот владика г. Тимотеј.

Игор НИКОВСКИ, свештеник