Галичник со својата раскошна традиција и овој пат срдечно ги отвори своите порти, за тука гостољубиво да ги прими бројните гости што од сите краишта на светот се искачија во овој живописен планински предел со единствена архитектура, привлечени од убавината на автентичните обичаи што се сочувале до ден денес. Повторно бевме сведоци на богатиот дух на славните Галичани кои оставиле најсилен печат врз нашата преродбенска историја, и овој моќен православен дух провејува и сега во секој сегмент на далеку прочуената Галичка свадба. Некогаш, во тешките мигови на Отоманските окови, тој дух ја крепел до крај верата на овој никогаш непокорен народ, а прекрасен сведок за цврстината на нивната вера бил и стариот храм посветен на Света Параскева, а во поново време и денешниот храм посветен на Светите првоапостоли Петар и Павле. И навистина, самите апостоли со својата молитвена поткрепа и пример на бодрост, ги предводеле во моќната мисија на чување на Православието на овие простори, а сега со радост ги благословија и благодатно поткрепија присутните на божествената Литургија, што ја отслужи нашиот Старец, Архимандрит Партениј, и со тоа го круниса свечениот амбиент на Галичката свадба. Нешто подоцна и галичките младоженци примија обилен благослов на чинот на венчанието, повикувајќи ги да го прегрнат брачниот дар од Христа, Кој ги соедини во едно преку оваа Света Тајна.
- Ознаки:
- Галичник
- Галичка свадба
Поврзано
Во светлината на Тавор – повик за нашето лично преображение
- 19 август 2026
Не Он се промени, туку учениците се преобразија
- 19 август 2026
Патот на постот низ проштавањето
- 16 август 2026
Човечката мерка и безмерноста на проштавањето
- 16 август 2026
Со Крстот Христов кон прегратката на Богомајката
- 14 август 2026











