Многублиските на Бигорски битушани со честитка за нивниот игумен по повод изборот за владика


Во името на жителите на селото Битуше и на оние коишто потекнуваат од него, црковниот одбор при храмовите „Свети Архангел Михаил“, „Свети Илија“, „Свето Вознесение Христово“ и „Свето Преображение“ од село Битуше, на архимандритот Партениј му ја честитаме неговата нова црковна служба, односно неговиот избор за епископ Антаниски на Македонската православна црква – Охридска Ариепископија. Му посакуваме здравје, и силна вера и истрајност во задачите и предизвиците кои му следуваат.

Битушани од сѐ срце се радуваат на неговата претстојна хиротонија која е закажана за 12 јули 2020 година во црквата Света Софија во Охрид, и искрено се надеваат дека досегашната многуплодна соработка со игуменот Партениј ќе продолжи и понатаму. Зашто, придонесот на отецот Партениј за духовниот живот и за развитокот на црквите во реканскиот крај е непроценлив. Нашата радост е особено голема што тој останува да твори и да дејствува во мијачкиов крај и што останува игумен на славниот наш Бигорски Манастир на „Свети Јован Претеча“, за чиешто воскресение тој најмногу придонесе.

Црковен одбор при храмовите:

„Свети Архангел Михаил“,

„Свети Пророк Илија“

„Свето Вознесение Христово“

„Свето Преображение“,

од село Битуше