Деновиве, на голема радост на целото братство, во посета на Бигорската обител престојува еден наш голем пријател, познатиот ѕвонар на камбани од Молдавија, Денис Латишев. Како директор на православното здружение „КЛОПАТАРУЛ“ од Молдавија и увозник на црковни ѕвона од Русија, Латишев пред три години за прв пат го посети нашиот манастир, кога беше одговорен за поставувањето на новите руски камбани во бигорската камбанарија, а за ова можете повеќе да дознаете и на неговата интернет страница: http://www.clopote.md/?p=702. Овој пат, освен да се поклони на бигорските светињи и духовно да се наслади, тој е дојден да подучи неколку наши браќа во ѕвонарските вештини. Навистина голема радост е да се слушне како овие дена прекрасно одѕвонуваат бигорските камбани, единствени од таков вид во нашата земја.
-
-
Спомен што го очекува Воскресението
- 7 ноември 2026
-
„Православие или смрт!“
- 5 ноември 2026
-
-
-
- Најчитани објави
-
-
„Православие или смрт!“
- 5 ноември 2026
-
-
-
-
Спомен што го очекува Воскресението
- 7 ноември 2026
Житија на светителите
Чуда на св. Јован
-
Ново чудо во Бигорски
- 3 февруари 2023
-
Чудата на Свети Јован во Бигорски не престануваат
- 7 септември 2022
-
Нови чуда на Свети Јован Крстител во Бигорски
- 29 јуни 2022











