Бугарската Православна Црква и Бугарскиот Парламент во поткрепа на децата болни од рак

Извор:

Во објектот на 44 Народно собрание на Р. Бугарија, денес, 3 ноември, беше отворена добротворна изложба во поткрепа на Киниката за детска клинична хематологија и онкологија при УМБАЛ „Царица Јоана – ИСУЛ“, Софија. Настанот е спроведен по иницијатива на бугарските пратеници и Култрно-просветниот оддел на Светиот Синод на БПЦ-БП и е под покровителство на Бугарскиот Патријарх Неофит, Светиот Синод и Претседателот на 44 НС г. Димитар Главчев.

Собитието беше отворено од претседателот на Парламентот, којшто одговори на иницијативата на Бугарската Православна Црква и ги повика народните пратеници активно да се вклучат во оваа добротворна кампања. На отворањето на изложбата, од името на Светиот Синод на БПЦ-БП, учествуваше Ловчанскиот Митрополит Гавриил, којшто е раководител на Културно-просветниот оддел. Тој ги поздрави народните пратеници за нивната одѕив и им го предаде Божјиот благослов за нивната одговорна служба. Во настанот се вклучи и началникот на Клиниката, професорот др. Добрин Константинов, којшто се заблагодари од името на целиот персонал и од сите мали пациенти за оваа благородна иницијатива на Црквата, што со радост и надеж ги исполни децата кои цртаа, како и нивните врсници. Тој ја најави и идејата, следната година во Синодалниот конкурс, со свои творби да се вклучат и децата-пациенти на Клиниката, што ќе вдахне творечки импулс и оптимизам.

Ова собитие го прави почетокот на втората етапа од добротворната кампања „Децата цртаат за деца“ – 2017 година, на Бугарската Православна Црква, којашто дава можност за купување на творбите-лауреати на синодалниот конкурс „Воскресение Христово“, со цел собирање на средства и дарување на медицинска апаратура за лечење на болните деца. До овој момент, со собраните средства од првата етапа се закупени и дарени на Клиниката три инфусоматозни апарати – волуметриски пумпи за прецизна регулација на инфузии на лекови во третманот на децата болни од рак.