Албанија започна кампања за реставрација на христијанските храмови

Извор:

Мноштво древни и прекрасни храмови и манастири кои датираат од византискиот период, а се наоѓаат во преубавите планински пејзажи во Албанија, лежат во урнатини. Тоа е последица на немарноста која трае десетици години наназад. Поради тоа, неодамна започна програма за реконструкција на древните храмови кои, секако, би привлекле мнозина туристи.

Во минатото, верските објекти најчесто биле намерно уништувани и притоа со години не биле реконструирани. Сега, пак, како последица на тоа фрескописот исчезнува заедно со ѕидините. Експертите стравуваат дека ова можеби е последната можност да се спасат спомениците на културата.

Албанското министерство за култура воведе такса за влез во некои православни цркви и манастири во текот на ноември минатата година. Иконите и црковните утвари, со решение од Владата, претходно беа пренесени во државните музеи за да бидат поставени во изложби. Во текот на 2016 година, официјално беше побарано свештените предмети да бидат вратени во сопственост на Црквата.