Американскиот архиепископ Елпидофор ја посети академијата „Св. Василиј“

Извор:

Неговото блаженство, архиепископот Елпидифор беше удостоен со навистина ентузијастички и радосен пречек од членовите на споменатава образовна институција. Посетата започна со трисагија на гробот на архиепископот Михаил, а потоа продолжи со осветување на вода во храмот при академијата и прошетка низ бројните објекти на кампусот, вклучително и детските домови, новата забна клиника и најновиот центар за игра за претшколско образование. Тука беше пресретнат од веселите насмевки и детски џагор на најмалите членови на академијата, на кои тој со љубов возврати, ветувајќи им дека никогаш нема да бидат лишени од неговата лична и од грижата на самата Црква. Искажувајќи го своето задоволство од работата на главниот раководител, о. Ситарас, архиепископот му дарува икона на св. Андреј и го пофали за неговата добра работа со децата. Притоа постарите деца, од своја страна, му ги покажаа собраните намирници, кои во чест на неговата иницијатива за бездомниците, наречена „Проект Надеж“, ги имаа подготвено за локалниот Центар за бездомници.  Најпосле, архиепископот се упати кон главната зграда каде заедно со децата го прослави роденденот на три мали академци. Тука доби на подарок прекрасен часовник, како благодарност за честа што им ја направи со оваа своја посета.