Центарот за бременост во Тексас прославува јубилеј – 90.000 бебиња спасени од абортус

Извор:

Центарот за бременост во Тексас објави дека 90 000 животи се спасени од абортус во првите 30 години од неговото  постоење.

Директорката на Центарот за бременост, Лиан Џејмисон во програмата  ,,The Prayer Link” на CBN News изјави дека организацијата има ,,Божествено назначување” за спас на колку што е можно повеќе човечки животи, убедувајќи ги жените да го изберат животот на бебето наместо смртта.

,,Кога некоја млада девојка или некој пар ќе ја минат вратата на нашиот Центар, ние тоа го гледаме како ,,Божја задача‘‘ и според нашето искуство, тие често се скршени и бараат надеж.’’-рече таа. ,,Тие се наоѓаат во тешки околности, а  постепено ни се откриваат и другите проблеми со кои тие се борат во својот живот.

Џејмисон го опиша персоналот на Центарот како ,,добри слушатели‘‘, додавајќи: ,,Ние сме таму за да им помогнеме во решавањето на проблемите и помагаме тие да се насочат во добар правец. Често им велам на волонтерите и вработените: `Ако сте добар слушател, тогаш, Бог ќе ви ја отвори таа врата.‘‘

,,Сметам дека Центрите за бременост се многу специфично поле за мисија, така што, ние постоиме за да им помогнеме на оние кои ќе се најдат во ситуација на непланирана бременост и се трудиме многу за нив. Обезбедуваме тестови и сонограми, обезбедуваме ресурси и сите оние работи кои треба да ги направиме за да помогнеме на некоја млада  жена или пак, брачен пар,  да станат родители, бидејќи веруваме дека Бог ги повикал за тоа.

Разгледувајќи ја важноста за посвојувањето, Џејмисон вели: ,,Веруваме дека секое бебе треба да се роди, но, не секоја мајка е способна да биде родител.

Минатата година, Центарот отвори канцеларија во Далас, веднаш од другата страна на установата за хируршки абортус.

,,Бог нѐ посочи таму.‘‘ -вели таа. ,,Ние веруваме дека сме повикани да бидеме светлото во темнината, сакаме жените да знаат дека пред да го направат тој чекор, имаат и друга опција – да дојдат кај нас, да се соземат и да тргнат кон насоката на љубовта и благодатта.

Покрај тоа, таа истакна дека нејзините вработени сакаат да бидат сигурни дека жените се свесни за изборот кој го прават.

,,Имаме жени кои секој ден доаѓаат кај нас. Упатени кон установата за хируршки абортус, ги застанал некој на улицата и молитвено им рекол: ,Има едно место на другата страна на улицата, кое ќе се грижи за тебе без трошоци. Нема што да изгубиш ако го  посетиш.‘‘

Таа потврди дека минатата недела некоја жена излегла плачејќи од својот автомобил, подготвена да се упати кон установата за хируршки абортус. Претставниците на Центарот за бременост ја убедиле да побара помош кај нив, разговарајќи за причините кои ја натерале да го избере абортусот на прво место.