Посета на амбасадорот на Р. Бугарија во Бигорски

Денеска во посета на Свештената Бигорска Обител на Чесниот Претеча дојде Неговата Екселенција, амбасадорот на Р. Бугарија во Македонија г. Ангел Ангелов културното аташе г. Петар Петров, кои одблиску се запознаа со нашата милениумска Светиња. 

Во духот на манастирското гостопримство, амбасадорот и аташето беа пречекани од нашиот старец и игумен, Епископот г. Пратениј, кој ги запозна гостите со евангелската мисија на нашето братство. 

На средбата беше разговарано и за моменталната состојба на меѓусебните односи помеѓу двете држави, при што сите ја истакнаа неопходноста од поголемо братољубие, почит и доверба меѓу православните братски народи, согласно христијанската доктрина за љубовта.

Г. Ангелов од своја страна му честиташе на Старецот за хиротонијата во Епископ и му се заблагодари за топлиот пречек, посакувајќи му понатамошно благоуспевање во неговата пастирска дејност.