Манастир посветен на Св. Мојсеј Мурин се отвара во Кенија

Извор:

„Конечно по 100 години со благослов и менторство на нашиот сакан владика Макариј од Најроби, во епархијата во Најроби треба официјално да биде отворен првиот манастир“, пишува отец Методиј Кариуки, раководител на сиропиталиштето и училиштето „Свети Варнава“ во Јужен Кинангоп, Кенија. 

Како што пишува отец Методиј, Архимандритот Јован 9 години работел на изградбата на манастирот посветен на Свети Мојсеј Мурин. 

„Да се ​​работи на остварување на сонот полни 9 години е голем товар. Но, конечно, тој го направи тоа со Божја помош“, продолжи тој. Манастирот има и параклис посветен на Свети Јован Златоуст. 

„Ова е големо достигнување од страна на нашиот Епископ” -нагласи отец Методиј. „Тој беше монах во Кенија повеќе од 40 години. Тоа што доживеа сега да види негово чедо и близок соработник да се всели во манастирот и посвети на живот на секојдневна молитва и целосно послушание е повеќе од големо достигнување“.  

Минатиот ноември, скитот на Света Ана беше отворен во епархијата Ниери и на Кениската планина, иако тогаш немаше сестри таму. 

Во едно интервју дадено непосредно пред неговото упокојување во 2018 година, епископот на Кисуму и Западна Кенија, Атанасиј, напомна дека има еден активен машки манастир и еден активен женски манастир во епархијата Кисуму, иако ниту еден од нив не беше населен во времето на интервјуто.

Манастир посветен на Св. Мојсеј Мурин се отвара во Кенија