Најнапред спомни си, Господи…

Извор:
Автор: ѓакон Андреј Кураев

Украинската православна црква (Московска патријаршија) со право истакнува дека таа реално е самоуправна, дека нејзината врска со Москва е чисто молитвена и симболична: произнесување  на името на Московскиот и на цела Русија патријарх за време на молитвата.

Од тоа следува дека токму литургиското спомнување на името на патријархот претставува:

а) начин за врска со Руската црква и

б) предмет на спор меѓу Украинците.

Така што, ова не е ситница. Ова е маркер за канонски територии. И ова е единствениот, речиси виртуелен модус на присуството на Московскиот патријарх во животот на Украина. Да, плус издавањето на грамота, со која се признава изборот на украинскиот собор на негов претстојател. Тоа е. Да запреме. Не читајте понатаму. Размислете јасно и формулирајте си за себе свој одговор.

А во 1656 г. во сите документи, со кои се договорило предавањето на управата над Киевската митрополија на Москва, Константинополската патријаршија непроменливо уточнува: името на Вселенскиот патријарх треба, како и претходно, неизменливо да се спомнува на службите пред името на Московскиот патријарх. Значи, Константинопол го оставил на украинската земја истиот тој пограничен маркер, што сега таму го поставува Москва. Навистина, Москва тогаш веднаш го тргнала. Еднострано. По „правото на силата“. Чија е власта – негов е и диптихот. На прв поглед изгледа дека ова е мало нарушување на договореното. Но денес токму заради таа „ситница“, Москва ги повикува Украинците да ја пролеваат својата крв. Ако ова е „ситница“, зошто тогаш се држат за неа со сите сили? А ако не е „ситница“, тогаш зошто сме ја нарушиле во 17 в. и зошто при хроничното нарушување на овој не-маловажен член на договорот за предавањето, продолжуваме да го сметаме тој договор за важечки?

Не можам да го прифатам тоа за логично и достојно поведение. Помеѓу другото, кога ние сме ја нарушиле таа „ситница“, Константинопол замолчил и не започнал да прави вселенски разгром. Ова веќе се потпира на улогата на личностите во различните истории.


Белешка: Авторот е клирик на Руската православна црква