Направил црква од снег!

Александар Битјокин, поранешен градежен работник од Омск во југозападен Сибир, направил црква од снег висока 3 метра, потфат за кој му биле потребни 45 дена. Битјокин сакал верниците во местото Сосновка да имаат своја црква, па макар и привремена, бидејќи најблиската црква им се наоѓа во десетици километри оддалечениот град Омск. Поради далечината многу постари жители и деца не можат да патуваат на зима.

„Го послуша гласот на своето срце. Тој е посветен верник и сакаше да се моли во црква, но бидејќи немаме начин редовно да одиме до градот или околните места, реши да направи една тука“, раскажа мајката на Александар, Татјана.

Му беа потребни околу 12 кубни метри снег за да го изгради овој храм, прв во тоа место.

„Штом падна првиот снег во Сосновка се помолив и се зафатив со работа. Прво направив скица и решив дека храмот ќе треба да има 12 лаци во чест на 12 – те Апостоли. Потоа почнав да го набивам снегот, чекор по чекор, ги поставував темелите, после што следеше подигањето на ѕидови“, ја опиша изградбата Александар.

За среќа немаше проблеми со градежниот материјал бидејќи, како што вели Александар, оваа година имаше необично многу снег.

Александар, кој мораше да ја напушти својата работа поради здравствени проблеми, изјави дека најтешкиот дел од работата му било градењето на олтарот и куполите. Кога сѐ било завршено соседите го изненадиле, донесувајќи икони во новата црква.

Извор: РТРС