836

Избран новиот директор на Комисијата за односи со верските заедници

На вчерашната владина седница, за нов Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, беше избран младиот и перспективен тетовчанец, г-н Даријан Сотировски, правник по професија. Тој важи за благочестив и одговорен работник, кој, иако млад, има извесно искуство во полето на меѓурелигиска соработка. Даријан, меѓу другото, е заслужен и за обновата на култот на Преподобниот Кирил Пејчинович, некогашниот знаменит игумен на Лешочкиот манастир, учител и преродбеник, на денот на неговото упокојување.
Братството на Свештената Бигорска Обител, со својот Старец, Архимандрит Партениј, срдечно му честита на г-н Даријан Сотировски за неговата нова должност, посакувајќи му благотворна дејност и успешно раководење со државната Комисија за верски односи, за општа полза на сите граѓани на Р. Македонија.