Посета на Патријархот на Србија во Калишта

Извор:

Вчеравечер, во посета на Ставропигијалниот архиепископски манастир на Пресвета Богородица во Калишта, Струга, пристигна Патријархот на Црквата на Србија г. г. Порфириј, во придружба на Зворничко-тузланскиот епископ г. Фотиј.

Високите гости од сестринската православна Црква на Србија беа пречекани со официјална доксологија, во присуство на Архиепископот г. г. Стефан, Митрополитите г. Петар Преспанско-пелагониски и г. Тимотеј Дебарско- кичевски, Епископот г. Климент Хераклејски и притекнатиот верен народ.