Романскиот Патријарх Даниил во Букурешт се сретна со наставниците по религија

Извор:

Неговото Светејшество Романскиот Патријарх Даниил, ги поздрави наставниците по религија, кои се состанаа со него за да ги споделат своите искуства на тема: „Младите и потрагата по семејство, црква и училиште. Модели за помош и справување со предизвиците и перспективите за иднината“.

Средбата меѓу Претстојателот на Романската црква и наставниците по религија беше одржана во Патријаршиската палата на Романската православна црква. Во своето слово, Патријархот Даниил ја истакна важноста од „партнерски односи меѓу Црквата и училиштето“. Тој уште истакна и дека општата цел, како на Црквата, така и на училиштето, се младите луѓе.

Средбата со наставниците по религија се одржува еднаш годишно, а е организирана од страна на училишниот инспекторат на Букурешт. Целта на овој Форум е да се споделат методолошките иновации, да се направи преглед на работата од претходната учебна година и да се дадат предлози за новата наставна програма за учење.