Вселенски Патријарх: Папата направи историски гест, подарувајќи ни ги моштите на Св. Петар

Извор:

Вселенскиот Патријарх ги прими, со особена трогнатост, делчињата од моштите на св. ап. Петар, што му беа подарени од страна на папата Франциск, во знак на братска љубов.

„Папата Франциск го направи овој величествен, братски, историски гест, давајќи ни делчиња од моштите на св. Петар, основачот на Римската Црква и јас пред малку им се поклонив со длабоко чувство. Ова беше смела одлука на папата Франциск кон Константинополската Црква, за што му ја изразуваме нашата благодарност“, изјави Вселенскиот Патријарх саботата на 30 јуни, во своето обраќање во собраниската сала при храмот на Дванаесетте апостоли, по завршувањето на Божествената Литургија.

Деветте делчиња од мошти, сместени во изработен реликвијар, му беа предадени на архиепископот Јов Телмиски, кој беше раководител на официјалната делегација на Вселенската Патријаршија во Рим, за време на празникот на светите апостоли Петар и Павле. Од име на Ватикан, нив му ги предаде потсекретарот на Советот за унапредување на христијанското единство, отец Андреа Палмиери.