Секој народ го чува како свет споменот на своите великани,
и со голема благодарност си спомнува за нивното благородно дело и жртва,
славејќи ги оние коишто му го оставиле во завет,
како најбесценет дар, тоа што го придобиле со својата крв.
Оваа наша прекрасна и многуизмачена земја знае
многу такви великани низ историјата.
Нивните стремежи за православната вера, слободата, љубовта,
во 1893 г. најпосле се обединиле под едно име
– Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО).
Тука се слеани идеалите, борбата и надежта
на еден многувековен копнеж на македонскиот народ.
Веќе 119 години тоа име блеска сјајно
на страниците од нашата славна историја.
Да ни е честит и од Бога благословен „23 октомври“
– Денот на Македонската револуционерна борба
и нека милостивиот Бог ни ја чува нашата света татковина
до крајот на вековите!

На многаја лета, возљубена наша татковино!