Божиќна серенада, шеста по ред возобновена Божиќна песна

Традицијата за возобновување на Божикни песни, по идеја на Бигорскиот манастир и со благослов на Владиката Партениј, продолжува и оваа година. Никола Перевски -Пере Нокаут, Влатко

Лозаноски – Лозано, Стефан Филиповски -Некст тајм и Димитар Андоновски, се веселите коледари во новата, шеста по ред возобновена Божикна песна којашто раскажува за една млада девојка, опеана како гулабица, која се успала за празничната Богослужба, па коледарите низ серенада ја будат, опоменуваат. И шестата по ред возобновена Божикна каланда (песна), во себе го носи специфичниот византиски богат мелос.

Возрасните коледари одат од куќа до куќа и ја пеат не само за Бадник, туку и низ целиот седумдневен празничен период, заклучно со Св.Василиј и Нова Година. Тие весело ги повикуваат домаќините да одат во Црква, таму да го прослават Раѓањето Христово и потоа да го понесат големиот благослов дома.

За неколку дена, Божикната серенада, ќе добие и видео запис којшто ќе остане вечен сведок за мисијата на Бадниковите поворки како народен, културен и духовен проект. Дотогаш, уживаме во радосната атмосфера од снимањето на аудио записот за „Божиќна серенада“, снимена во студиото Алшар во Скопје.