Ѓурѓај му ја врачи почесната награда “Илинден” на Архимандрит Партениј

Претседателот на македонското друштво “Илинден” со седиште во Тирана, Никола Ѓурѓај беше во посета на Бигорски манастир и на игуменот Архимандрит Партениј лично му ј врачи почесната награда”Илинден”. Огромна чест ми беше што токму пред патронот на овој познат божји храм, Отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован да се сретнам со отец Партениј и лично да му ја предадам наградата. Му посакав добро здрвје и успешно продолжување на неговата мисија,- рече Ѓурѓај.

На срдечниот разговор искажан е заеднички став за унапредување на соработката,но и продолжување на помошта што Бигорски ја дава за црквите каде што живеат Македонци. Наградата “Илинден” е воведена оваа година по повод јубилејот 10 години постоење на друштвото. Се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот,историјата,културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија.

https://vesnik-ilinden.com/gurgaj-mu-ja-vrachi-pochesnata-nagrada-ilinden-na-arhimandrit-partenij/