Врачена наградата „Илинден“ на Архимандрит Партениј

Вчера, на денот на независноста на македонската република, во посета на Свештената Бигорска Обител дојде претседателот на македонското друштво „Илинден“ од Тирана, г. Никола Ѓурѓај, кој допатува со своето благочестиво семејство, за лично да му ја врачи на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, почесната награда „Илинден“.

Наградата „Илинден“ е воведена оваа година по повод десетгодишнината од постоењето на Друштво, а се доделува на личности кои покажале особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната традиција на Македонците во Р. Албанија.