Подарок за Старецот: архијерејска енколпија со Распетието Христово

Во пресрет на спасителните Страданија на нашиот Господ Исус Христос и на Неговото Распетие на Велик Петок, нашиот старец и игумен, Епископот г. Партениј, денес доби еден прекрасен пригоден подарок: архијерејска енколпија со изобразба на Распетието  Христово. Овој уникатен дар на Старецот му го принесоа нашите ценети пријатели Нада со синот Дејан и сопругата Јулиа Трајковски со нивните деца Надица и Мартин од Скопје, во знак на почит и благодарност за севкупната мисија што тој ја врши во духот на Христовото Евангелие.

Енколпијата е изработена во Грција, а се состои од позлатена рамка, украсена со полудраги камчиња, и во неа, на школка е изобразено Распетието Господово на Голгота.

Срдечно му благодариме на благочестивото семејство Трајковски за нивната почит и љубов кон нашиот старец и владика. Господ Бог да ги благослови нивните добри дела!