Посета на Премиерот г. Димитар Ковачевски

При своето работно патување во реканскиот крај, Премерот на Р. С. Македонија, г. Димитар Ковачевски, и овој пат не го одмина Бигорскиот Манастир, па така денеска накратко тој беше наш гостин.

Претседателот на Владата и неговата ценета придружба беа пречекани според манастирското гостољубие и присуствуваа на дел од вечерната богослужба, а потоа остварија средба со старецот и игуменот на Обителта, Епископот г. Партениј.