Посета на високи претставници од ВМРО-ДПМНЕ

Во склоп на службените активности во Маврово и Ростуше, потпретседателката на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Гордана Димитриеска – Кочоска, во придружба на г. Оливер Шамбевски и г. Луке Галески, вчера ја посетија и нашата Свештена Обител.

Ценетите гости беа пречекани според манастирското гостољубие. Архимандритот отец Доситеј најнапред ги воведе во храмот и им раскажа за манастирскиот секојдневен богослужбен живот, а потоа тие остварија средба и со старецот и игуменот на Обителта, Епископот г. Партениј. На средбата разговараа за предизвиците со кои се соочува населението во овие краишта, како и за мисијата на манастирот.