Пријателска посета на Амбасадорката на САД

Во пријателска посета на нашата Свештена Обител, денеска допатува Амбасадорката на САД, Н. Е. Кејт Мери Брнз. Ценетата гостинска, заедно со нејзината пријателка, беа пречекани од страна на нашиот старец, Епископот г. Партениј, во духот на манастирското гостољубие и топлина

На срдечната средба во работната одаја на Старецот, тој и Амбасадорката разговараа за манастирскиот живот и за севкупната евангелска и социјална мисија на Братството. Притоа, високата претставничка на САД искрено честиташе и го поздрави актот од 9 мај на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, предводен од Неговата Сесветост, Патријархот г. г. Вартоломеј, според кој нашата Црква е примена во евхаристиско и канонско единство со сиот православен свет

По разговорот со Старецот, г-ѓа Кејт Мери Брнз и нејзината придружба имаа можност да ги разгледаат содржините на Манастирот, имајќи го за свој водич нашиот собрат, Архимандритот г. Доситеј.