„1000 години Сведок на Светлината“ на фестивалот Браќа Манаки

Почитувани,

Со посебна радост ве информираме дека документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината“ на КАТ Продукција, на 24.08.2022 година (вторник), а во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“, ќе се емитува во 20:30 часот, на платото пред Офицерскиот дом во Битола.
Проекцијата е слободна и можат да ја проследат сите заинтересирани лица.

Потсетуваме дека филмот „1000 години Сведок на Светлината“, кој е во режија на Илија Ико Каров, е снимен по повод нашиот голем јубилеј – 1000 години од основањето на свештената Бигорска Обител, што се прослави во 2020 година. Филмот, пак, ја доживеа својата свечена премиера во Македонскиот Народен Театар на 15 април оваа година и постигна огромен интерес и позитивни критики од вљубениците во филмската уметност ширум светот.