Собрани средствата за лекувањето на Лео

Почитувани добри и сочувствителни души,

  • 3 операции на стомачето
  • 2 на главата
  • вкупно 5 операции на само 6 месечна возраст!

Можеби понекогаш им треба поддршка, но, со Божја помош, херои навистина постојат!

На наша заедничка голема радост ве информираме дека нашиот мал херој Лео, кој пред оперицијата прими свето крштение и го доби името Борис, е конечно добро и почнува да го живее своето детство со полна пареа, дома со мама и тато, онакво какво што секое дете заслужува!

Во главчето на Лео е вградена нова фунционална пумпа, која успешно ја испумпува водата од неговото главче (хидроцефалус). Моментално обемот на главчето е намален за околу 8%. Од пред некој ден тој веќе сам го држи своето главче гордо исправено на своите мали раменца.

Исто така стомата (кесата) од мешето е отстранета, а цревата функционираат одлично.

Драги добри луѓе, Борис ја доби битката, благодарејќи на искрената поддршката од сите вас! Ви благодариме за хуманоста, сочувствителноста, молитвите и финансиската помош! Бог да ве благослови и да ви возврати со небесни блага!

Воедно ве информираме дека средствата за неговото лекување се во потполност собрани и исплатени на болницата!

Уште еднаш од сѐ срце Ви благодариме за љубовта и хуманоста!