Во текот на реставрацијата во храмот на Рождеството Христово во Витлеем, при реставрирањето на крстилницата во јужниот ходник на храмот беше пронајдена уште една постара крстилница, скриена во постоечката осумаголна крстилница, направена од ист камен како и столбовите на Црквата. Ова откритие ќе помогне во понатамошното расветлување на историјатот на овој храм и неговите археолошки артефакти. Во иднина се очекува, трите цркви кои се одговорни за храмот на Рождеството Христово, да го извршат реставрирањето на Витлеемската пештера, која што е темел и суштина на светоста на храмот, каде Христос бил роден.
Поврзано
Сведокот од Голгота – споменот на Свети Лонгин Стотник во Бигорски
- 29 октомври 2026
Од егзекутор до сведок на Воскресението
- 29 октомври 2026











