И Александриската патријаршија ја призна Украинската црква

Извор:
Александрискиот папа и патријарх Теодор

По архиепископот Атински и на цела Грција кој прв, заедно со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, го спомна името на Киевскиот митрополит, денес и Александрискиот патријарх Теодор го спомна митрополитот Епифаниј, признавајќи ја на тој начин новата Црква во Украина.

Спомнувањето се случи за време на патријаршиската Божествена Литургија во Каиро, во храмот на Архангелите во Дахер, каде што живее најголемата арапска православна заедница во Египет.

Патријаршијата на Александрија и цела Африка во последниов период се најде во центарот на вниманието, претрпувајќи невидени притисоци од страна на Руската црква. Патријархот Теодор беше воздржан, избегнувајќи јавно да се произнесе по прашањето. Сепак, колку самиот, толку и луѓето кои се во негова близина уште од првиот момент беа на јасно дека Александриската патријаршија во соодветниот момент ќе направи потег кој ќе биде согласен со нејзината положба и историско значење – директно објавувајќи дека второпрестолната Патријаршија на православните нема намера да подлегне на притисоците.

За крај, како што се покажа, денес папата и патријархот Александриски го направи овој храбар чекор кој, според досегашните реакции на Руската црква на товар на Константинопол и Атина, ќе го постави како цел на руските санкции.