Патријархот Вартоломеј отслужи света Литургија за Богојавление по стар календар

Извор:

Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, на 19 јануари 2019 година (6 јануари по стар стил), во градот Триглија Витиниска, за првпат од 1922 година, отслужи Света Божествена Литургија и Велик Богојавленски водосвет за празникот Богојавление, според јулијанскиот календар, заради благослов на тамошното словенско население.

На свештенодејството присуствуваа голем број на Украинци, Бугари и Грузијци што живеат во областа и го следат стариот календар, но и значаен број на Грци.