Пловдивскиот митр. Николај началствуваше со празнична Литургија на која беше спомнат Киевскиот митр. Епифаниј

Извор:

На 27 ноември Пловдивскиот митрополит Николај началствуваше со празничната св. Литургија во грчката митрополија на Лангада, Лити и Редина по повод 500 години од раѓањето на покровителот на епархијата, св. Дамаскин Студит, епископ на Лити и Редина. Во историскиот храм и стар митрополиски центар „Св. Атанасиј, Акакиј и Дамаскин Студит“ сослужуваа митр. Николај, митрополитот на Филипи, Неапол и Тасос Стефан, митрополитот на Лангада Јован и епископ Евлогиј, игумен на Рилската св. обител.

За време на богослужението ѓаконот ги прочита православните диптиси со имињата на претстојателите на помесните православни цркви, а на крајот беше спомнат и Киевскиот митрополит Епифаниј, според решението на Грчката православна црква од минатиот месец.

Во својата проповед митр. Николај го предаде благословот на Неговата Светост патријарх Неофит и опширно ја опиша личноста на св. Дамаскин Студит, потцртувајќи го вселенскиот карактер на неговото дело, што послужило за единството на православните народи.

Св. Дамаскин Студит, епископ Литиски, кој живеел во 16 век, беше канонизиран од Вселенската патријаршија во 2013 г. Тој е еден од најобразованите православни духовници на своето време, учител на патр. Јеремија II. Неговите многубројни поучителни слова на говорен грчки јазик, насочени кон обичниот народ, го прават исклучително популарен. Неговото најпознато дело Сокровиште, кое содржи 36 житија и поученија е преведено на словенски јазик во скитот „Кавсокаливија“ на Света Гора, и е основа на популарните кај нас „дамаскини“.

Како дата на неговиот празник е определен 27 ноември.

Фотогалерија