(Видео) Се упокои Старец Григориј игумен на Дохијар, Света Гора

Извор:
Старец Григориј – Игумен на Свештената Обител на Дохија (1942 – 2018)

Нешто малку пред полноќ се упокои Игуменот на Свештената Обител Дохијар на Света Гора, Старец Григориј, на 76 годишна возраст.

Блаженоупокоениот старец беше по потекло од Парос, каде што се замонаши и првомонахуваше, а потоа својот монашки подвиг го продолжи на Патмос, пред да се насели на Света Гора. Најпрвин се поврза и му беше духовно чедо на блажениот Старец Филотеј Зервакос на Парос, а потоа и на светиот Амфилохиј Макрис на Патмос.

Пред неговото доаѓање на Света Гора беше игумен на Свештената Обител Миртија и на Манастирот Прусу на Карпениси. На Света Гора беше востоличен за игумен на Свештената Обител Дохијар, којашто ја обнови, ја утврди и пастирствуваше со неа цели четири децении.

Сите знаеја за едноставноста и чесноста на неговиот живот, како и на неговиот карактер.