Сестра Харитина: Постот е и во нашите зборови и мисли не само во храната

Во време на постите, освен постот од храна, треба да се грижиме и за постот од страстите.

Во многу црковни химни и во учењето на светите отци се истакнува дека постот е целосен само доколку истовремено се трудиме и за телесниот пост и за духовниот.

Сестра Харитина од манастирот Света Богородица Пречиста со порака за значењето на постот во животот на секој човек.