ВИДЕО од Света Гора: Пренесување на иконата на Богородица во Струмица

Копија од чудотворната икона на Пресвета Богородица „Скоропослушничка“, денеска беше подигната од Манастирот Дохијар на Света Гора, Грција и е на пат кон Струмица, Македонија. Неколкумина струмичани ја носат иконата кон Струмица, а претходно ќе поминат во Солун, каде ќе биде осветена во Православна црква…

Со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, утре ќе се одржи свечена литија низ градот Струмица. Литијата ќе започне во 13:00 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ и ќе се упати низ булеварот „Маршал Тито“ до кружен тек кај ЕВН Македонија, продолжува кон „Чурлински мост“, оттаму ќе продолжи до нејзиното вечно седиште, Манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица.

Иконата на градот Струмица му ја подарува светиот игумен на Свештената Обител Дохијар од Света Гора, Старец Григориј со своето во Христа братство, во знак на спомен на чудото што Пресветата Владичица наша Богородица го направила минатата година над 18-годишно немо момче од Струмица, враќајќи му го говорот во целост.

Се гледаме во недела (12.03) во Струмица !! Плоштад Гоце Делчев 13:00 часот….

Geplaatst door Blagoj Gjuzelov op zaterdag 11 maart 2017