Екипата на духовните чеда „Бигорски Манастир“ победник во финале

Деновиве во Скопје, во населбата „Методија Андонов Ченто“, околу 120 благочестиви млади дечки учествуваа во хуманитарен турнир во мал фудбал, со цел да помогнат во собирањето средства за изградба на храмот „Свети Архангел Михаил“. Поделени во повеќе екипи, учесниците организираа вистински натпревар, чиешто финале се одржа вчеравечер. Победник на натпреварот беше екипата „Бигорски Манастир“, чиишто членови ја нарекоа со ова име по повод Илјадагодишнината на Бигорската Обител. Воедно, тие на Бигорски му ја посветија својата победа и пехарот за прво место.

Нека Божјиот благослов биде со сите учесници на овој добротворен натпревар!