Желби за добро здравје на Вселенскиот патријарх

Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј

Игуменот на свештениот Бигорски манастир, Епископот Антаниски Партениј, заедно со своите во Христа браќа, носејќи ги со голема благодарност впечатоците од топлиот прием во светата и велика Христова Црква, на Неговата Божествена Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, му го честита празникот на Рождеството Христово, според ревидираниот јулијански календар, со особени желби за скоро надминување на коронавирусот. Се молиме, и овде ги призиваме сите наши духовни чеда да ни се придружат во молитвите, милостивиот Бог на Неговата Сесветост да му подари добро и крепко здравје и уште многу години да ја води светата Христова Црква со мудроста која го одликува.