Благодатниот оган го осветли Христовиот гроб во Ерусалим

Извор:

И годинава, во услови на пандемија, додека светот се справува со најголемата глобална закана во XXI век – пандемијата од коронавирусот, Благодатниот оган се спушти на Велика сабота во црквата на Светиот гроб во Ерусалим. Овојпат со многу ограничен број свештенослужители и без верници но пренесуван во живот од мноштвото медиуми во светот.

Илјадници лета низ историјата, Светиот Оган секоја година се пали во пресрет на православниот Велигден во Кувуклијата, параклисот над Светиот гроб во ерусалимскиот храм на Воскресението Христово. Годинава, поради пандемијата од коронавирусот, симнувањето на светиот оган беше осведочено од ограничен број свештеници и владици на Ерусалимската патријаршија. Патријархот Ерусалимски Теофил, го пречека Огнот, а потоа го сподели со служителите на Грчката црква и на претставниците конфесии, коишто заедно раководат со храмот на Гробот Господов. Потоа претставниците на грчката црква ќе го достават до Јафската порта на Стариот град на Ерусалим, каде што Благодатниот оган ќе биде примен од претствнции на многуте цркви. Делегациите Светиот оган од Ерисалим ќе го пренесат до аеродромот „Бен Гурион“, каде што ќе им биде предаден на претставниците на многу земји.