Јосиф Исихаст, Ефрем и Даниил од Катунакија прогласени за преподобни

Извор:
Синодијата на преп. Јосиф Исихаст

Денес, понеделник 9 март 2020 година, Светиот и свештен синод на Вселенската патријаршија ги прогласи за преподобни светите старци Јосиф Исихаст, Даниил Катунакиец и Ефрем Катунакиец.

За време на својата посета на Света Гора минатата есен, патријархот Вартоломеј ги навести овие канонизации.