Вселенскиот Патријарх најави канонизација на четворица светогорци

Извор:

Вчера, во Кареја на Света Гора, се слушна радосна вест од устата на Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј. Тој за време на својата беседа во Протатонот ја објави скорешната канонизација на четворица светогорски отци.

Вселенскиот патријарх најави дека Патријаршијата наскоро ќе ги канонизира старците Јероним Симонопетриец, Даниил Катунакиец (основачот на братството Даниилеи), Јосиф Исихаст и Ефрем Катунакиец.

Согласно информациите на Ромфеа.гр, игуменот на манастирот Ватопед, старец Ефрем, обраќајќи се кон Вселенскиот патријарх во текот на Синаксисоѕ во свештената Епистасија, му се заблагодарил за радосната вест.

“Нѐ трогнавте, Ваша Сесветост, со објавувањето на канонизацијата на четворицата старци од Света Гора”, рекол помеѓу другото старец Ефрем. На тоа Патријархот одговорил: “Свет игумене, го чував тоа за да ве изненадам!”.