Камбани во знак на торжество заради интронизацијата на Видинскиот митрополит Даниил

Извор:

Во видинскиот соборен храм, Св. Вмч. Димитриј Солунски, се одржа интронизацијата не неговото високопреосвештенство, Видинскиот митрополит Даниил.

Новоизбраниот митрополит беше пречекан од стотици луѓе на плоштадот во градот. Него го очекуваа уште од утринските часови, покрај жителите на Видин и гостите на Видинската епархија, како и повеќе официјални лица. Подоцна во литија присутните од плоштадот се упатија кон соборниот храм каде што се одржа споменатата интронизација и вечерната богослужба.

„Спремен сум да сторам сѐ за да го продолжам и унапредам, според своите сили и можности, делото на сите мои претходници великани, кои пред мене го заземале Видинскиот митрополитски престол. Спремен сум да работам сепредано и неуморно за духовниот, културниот и општествениот напредок на овој убав град и неговите прекрасни жители. Откако ќе го воздигнеме духот, ќе се издигнеме и во секој друг поглед, како што му е угодно на Бога, и според нашите вистински потреби“, изјави пред граѓаните на Видин митрополитот Даниил.

Фото: БГНЕС