Манастирот „Света Текла“ во Малула, повторно отворен за посетителите

Извор:
Манастир – „Света Текла“ во Малула, Сирија

Веднаш штом градот беше ослободен, еден од најдревните православни манастири – „Света Текла“ во Малула, Сирија, – одново ги отвори своите врати. Монахињите што претходно беа принудени да го напуштат манастирот поради војната, најпосле успеаја да се вратат.

„Сите се грижеа многу за монахињите; нив навистина сите ги сакаат. Парохиите се грееја на нивната духовна срдечност. Веднаш штом слушав дека реонот е ослободен од терористи, се вратив тука од Дамаск“, изјави манастирскиот ефимериј отец Илија Адес.

„Малула одново живнува, црквата е возобновена, гледате дури и туристи имаме! 90 % од реконструкцијата веќе е завршена. Сирија полека се претвора во мирна земја. Можеме само да се радуваме! – воскликнува отец Илија“. Тој заклучи дека за довршувањето на реконструкцијата потребни се само уште неколку седмици.