Ново богословско училиште на Александриската Патријаршија

Извор:

Како што се соопштува на официјалниот сајт на Патријаршијата, во тек е запишувањето на студентите за новоотворената академија за богословски науки „Свети Марко“. Таа се наоѓа во регионот на Сендервуд во Јоханесбург, Јужна Африка. Студиите траат 3 години, предавањата се на англиски јазик, а запишувањето е отворено за студенти од целиот свет.

Оваа Академија ќе им овозможи на студентите од цел свет да учат за Православието преку следење на онлајн лекции, по електронска пошта или преку социјалните мрежи. Студентите ќе бидат раководени од искусни професори од областа на Историјата на Црквата, Догматиката, Православната духовност, Литургиката, Христијанската етика, Пастирското богословие со акцент врз современата теологија во православната мисија на Африка. По завршувањето на 3 годишната програма студентите ќе стекнат акредитирана диплома за Православна теологија, од катедрата за вишо образование на Јужноафриканското министерство за образование.