Ова е времето за покајание, ова е денот спасителен, почетокот на постот: биди будна, душо, вратите на страстите затвори ги, и сврти се кон Господа. Овие умилителни стихови ја отвораат пред нас вратата низ која влегуваме во оној простор каде што пребива нашиот внатрешен и изранет од страстите човек. Наоѓајќи дека, немаме ништо друго, освен светла надеж дека Господ ќе нè избави од паднатата состојба, та без очајание да влеземе во благословената пустина на Великиот пост, тивко го започнуваме ова наше патување, верно пеејќи: Дојдете луѓе дарот на постот денес да го примиме, како од Бога дарувано време за покајание, и во него Спасителот да Го умилостивиме.
- Ознаки:
- Велик Пост
- Тримир
- Чист Понеделник
- Пост
Поврзано
„Православие или смрт!“
- 5 ноември 2026
Сведокот од Голгота – споменот на Свети Лонгин Стотник во Бигорски
- 29 октомври 2026











