Посета на г. Владо Бучковски во Бигорски

Во денешново празнично попладне, во пријателска посета на нашата Свештена Обител дојде поранешниот Премиер на Република Македонија, г. Владо Бучковски, инаку долгогодишен познаник и пријател на нашиот Старец и Владика г. Партениј.

Ценетиот гостин беше гостољубиво пречекан од братството, а на срдечната средба со Владиката беше разговарано за повеќе актуелни теми од нашето општество, меѓу другото и за неопходноста да се разрешат некои табуа од македонската историографија, како и за насушната потреба да се изгради цврста и научно оправдана платформа за запазување и благоуспевање на современата македонска нација.