Празнична средба со градоначалникот на Дебар

По повод светлите велигденски празнувања, со благослов на нашиот старец, Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј, денес нашиот собрат, архимандритот Доситеј, ги посети нашите драги пријатели и сограѓани од Дебар, носејќи им велигденско јајце – симбол на животот, победата и надежта што Христовото Воскресение ја дарува на светот.

Во духот на оваа празнична радост, архимандритот Доситеј оствари средба и со градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, при што беа разменети честитки и искрени благопожелби за мир, здравје и напредок на сите жители на градот.

Оваа посета уште еднаш го потврдува духот на взаемна почит, разбирање и добрососедство што со векови се негува во Дебар – град во кој различностите не се пречка, туку богатство, а заедништвото е темел на соживотот. Во тие вредности, кои се длабоко вкоренети во нашата традиција, се огледа вистинската сила на заедницата и надежта за иднината.

Нека радоста на Воскресението Христово ги исполни срцата на сите луѓе со љубов, мир и добрина. Христос Воскресе!