Божикни пештери за секој христијански дом

Онаа Која Го роди Родениот пред почетокот на сите векови – Младенецот Христос – еве одново се подготвува да Го роди во нашите срца.
Јаслите се подготвени да Го пречекаат, живиот свет да Му се израдува, ангелите да Му запеат и нивната песна смирените пастири да ја послушаат, а мудрите да Му се поклонат. Зашто, ете Он одново доаѓа да Го спаси светот од распадливоста, слегува на земјата за земните да ги издигне на небесата.

“Во пештера се раѓа, во јасли на животните, Царот на вселената, Господарот на сета твар”.

Така и ние да поитаме, да ги подигнеме нашите очи од земјата кон небото, да побрзаме и да Го пресретнеме Седржителот Господ. Од срцата наши да направиме јасли и да Му ги предадеме на Младенецот Христос, зашто ете Он повторно ни доаѓа за во нив да се роди.

Да ги украсиме домовите со уште еден достоинствен украс – Божикна пештера – која додека нашите очи ја гледаат на срцето непрестајно ќе му говорат: “Отвори се! Доаѓа, пречекај Го!”

– Божикни пештери изработени од рацете на монахињите од Рајчица.

Контакт телефон за нарачка:
+389 75 245 791Сестра Филотеја