Возљубени родители,
Со посебна радост ве информираме дека и оваа година, со благослов на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, во прекрасниот Бигорски скит посветен на „Светите браќа Кирил и Методиј“ во село Битуше, ќе се одржат летните школи по Вероучение.
Преку овие школи, децата ќе имаат единствена можност да се запознаат со убавината на православната вера, традициите, културата и уметноста, но и да се рекреираат среде живописната природа на планината Крчин.
За децата ќе се грижи стручен и посветен тим составен од дипломирани теолози, педагози, психолози, социјални работници, доктори, воспитувачи и професори од различни научни и културни дисциплини. Тие ќе се погрижат престојот на вашите најмили да биде безбеден, поучен и исполнет со многу љубов.
- Прва смена: 14 – 19 јуни (за деца од 10 до 12 години)
- Втора смена: 28 јуни – 3 јули (за деца од 13 до 15 години)
- Трета смена: 13 – 18 јули (за деца од 10 до 12 години)
- Четврта смена: 3 – 8 август (за деца од 10 до 12 години)
- Петта смена: 10 – 15 август (за деца од 10 до 12 години)
Важни напомени за организацијата:
За квалитетно и непречено одвивање на програмата, Ве молиме да ги имате предвид следниве правила:
Возрасен критериум: Ве молиме да го почитувате возрасниот праг и да не пријавувате деца помали од 10 години;
Откажување: Доколку од оправдани причини (болест и сл.) Вашето дете е спречено да дојде, Ве молиме да нè известите најдоцна 7 дена пред почетокот на смената;
Прием и одјавување: Приемот на децата се врши исклучиво во скитот од 14:00 до 16:00 часот. Одјавувањето е на денот на завршувањето на школата, и тоа најдоцна до 12:00 часот;
Превоз: Родителите се должни самите да ги донесат и да ги земат своите деца;
Запознавање со редот: На денот на пристигнувањето, родителите детално ќе бидат запознаени со програмата, како и со куќниот ред и правилата на школата;
Почитување на правилата: Доколку некое дете не ги почитува воспоставениот ред и правилата за дисциплина, по известување на родителите, истото ќе биде исклучено од програмата, а родителите ќе имаат обврска веднаш да го земат детето.
Информации и пријавување:
070 290 210 (сестра Ефимија)
Со огромна радост ги очекуваме Вашите најмили, за заедно да поминеме едно незаборавно духовно лето исполнето со нови знаења и искрени дружби!











