„Велигденски концерт“ на 8-ми мај во Кичево!

Секоја твар, просветена од живоносното Воскресение Спасителово, со сите свои сили и секоја на свој начин го прославува Христа, Кој ја победи смртта и на човекот му го врати достоинството, а на природата нејзиниот спокој и поредок. Затоа и ние, поттикнати од раззеленетата гора, од раскошните цветови, од распеаните птици, посакавме радосно да го прославиме Животот и да му оддадеме почит, секој на свој начин.

Во недела, 08 мајНУ Центар за Култура „Кочо Рацин“ – Кичево со почеток од 18:00 часот повелете на голем „Велигденски концерт“, каде свое учество ќе земат дечињата од училишниот хор „Д-р Владимир Полежиноски“, „Mini Musicians“, КУД „Бисер“, „Чалгии Мерак“, македонскиот пејач Ламбе Алабаковски и Хорот „Митрополит Козма Пречистански“

Сакаме и Вие да бидете дел од овој наш скромен принос и да го присоедините Вашиот глас со нашиот глас, извикувајќи и славејќи:

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!